Македонија
12. јуни 2017 - 23:49

Премиерот Заев во Брисел на средби со Туск, Могерини, Хан и Столтенберг

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска ја оствари својата прва официјална посета на Брисел, каде се сретна со претседателот на Евросоветот Доналд Туск, со Високата претставничка Федерика Могерини, со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и со генералнито секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Заев, кој беше придружуван од вицепремиерите Османи и Шеќеринска и од министерот за надворешни работи Никола Димитров, најави силна посветеност и реформи и враќање на Македонија на евро-атлантскиот пат, при што од челниците на Унијата доби ветување дека и Брисел ќе придонесе за откочување на мaкeдонските евроинтеграции

По нивниот повеќе од едночасовен состанок во зградата на Европската комисија, на прес-конференцијата по истиот, Хан му порача на Заев дека неговите претходни средби со Туск и Могерини, како и заедничката, покажала силна посветеност кон ЕУ и кон понатамошен развој на новата Влада.

-Премиере, вашата земја сврти страна по големата политичка криза што траеше предолго и во која се потроши многу време и енергија. Сега имаме свеж старт, но нема време, бидејќи има многу работа да се направи за нацијата да се врати на евроатлантскиот пат. Сепак, јас сум охрабрен од реализмот што денес го покажавте и ние очекуваме од новата Влада и од опозицијата да работат заедно на реформите ориентирани кон ЕУ - порача Хан.

Македонија ќе се обиде да добие покана за членство во НАТО со привремената референца, а потоа во период од две години додека трае ратификацијата кај 29-те земји-членки на Алијансата да ги реши разликите за името со Грција. Ова е пораката што во седиштето на НАТО на генералниот секретар му го пренесе Заев. Сепак, Јенс Столтебнерг му порача на Заев дека според заклучокот на Смаитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, повторено на сите понатамошни Самити на Алијансата, дека „поканата ќе биде испратена откако ќе се реши спорот со Грција“.

- Во секој случај ќе се обидеме да ја придвижиме Македонија кон полноправно членство во НАТО и за тоа очекувам поддршка од граѓаните на Грција, од власта и опозицијата за решавање на овој прблем. Има алтернативи. Ние се надеваме дека со привремената рефернеца ќе добиеме покана да станеме членка на НАТО и во исто време ќе продолжиме со разговорите со Грција за процесот во ЕУ. Ние очекуваме со привремената референца да добиеме покана од НАТО во согласност со договорите со Грција, а додека трае ратификацијата кај 29-те членки на Алијансата, има две години за дополнително да се најде решение. Алтернатитви има многу, зависи многу од нашиот јужен сосед, но ние бараме причина повеќе за позитивни решанија за стабилност, а тоа најмногу можно ако Макеоднија влезе во НАТО - порача Заев.

- Тоа е НАТО позиција се уште и во исто време потцртуваме дека ги поздравуваме јасните пораки од новата Влада дека го интензивираат дијалогот со Грција за да се најде решение за името под капата на Обединетите нации. Има јасни пораки од новата Влада за реформи, за важноста од владеење на правото, меѓуетничко оптшество, добрососедски односи и на силна политичка поддршка за силно партнерство со НАТО. Пред неколку дена, Црна Гора стана 29. Земја-членка на НАТО и тешко е да се најде потежок доказ дека е отворена нашата врата за земји што исполнуваат НАТО-стандарди и имплементираат реформи. Чекаме взаемно решение за името - одговори Јенс Столтенберг