Македонија
29. May 2018 - 8:03

Премиерот Заев во официјална посета на Малта

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Малта.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев денеска ќе оствари средба со претседателката на Малта, Мари Луиз Колеиро Прека, со претседателот на Владата Џозеф Мускат, по што ќе биде остварена пленарна средба меѓу двете владини делегации.

Македонскиот премиер за време на официјалната посета ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Малта, Анџело Фаруџиа.