Пренасочена сообраќајот на патот Прилеп-Градско поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода на регионалниот патен правец Прилеп-Градско, кај м.в. Камен Дол, сообраќајот се пренасочува по алтернативни патишта, информира Автомото сојузот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, како што се наведува, е зголемен и има зголемена фреквенција на возила на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море