Македонија
1. March 2021 - 18:37

Престрелка во скопско Ѓорче Петров, ранет полицаец

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за пукањето кое денеска се случи во скопската населба Ѓорче Петров.

Како што информираше полицијата полициски службеник бил застрелан во ногата и пренесен во болница.

„Околу 16,40 часот пријавено е дека во Скопје,на кружниот тек во населба Ѓорче Петров кај црквата Св.Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило "мерцедес", во кое бил полицискиот службеник З. Р.. Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември" за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.