Македонија
20. May 2022 - 16:36

Пресуда за случајот „ТНТ“ - 9 години затвор за Груевски, 3 за Јанакиески, 4 за Трајковски

За незаконското уривање на комплексот Космос на бизнисменот Фијат Цановски, казна затвор од девет години доби екс премиерот Никола Груевски, а на поранешниот министер пак, Миле Јанакиевски, Кривичниот суд му додели три години затвор. Судот ги обвини дека го поттикнале поранешниот градоначалник на Гази баба, Тони Трајковски и градежната инспекторка Елисавета Најдовска да го урнат комплексот на Цановски, па по четири години затвор добија и Трајковски и Најдовска.

Судот образложи дека Груевски и Јанакиевски сакале да му се одмаздат на Цановски бидејќи како тогашен претседател на партијата За Европска иднина, ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и коалицирал со нивниот политички противник, СДСМ.

Освен казните затвор, судот ги задолжи осудените да му платат оштета на Цановски, што според адвокатот на Јанакиевски, државата треба да го сноси овој трошок, а не осудените.

Ослободителни пресуди за случајот ТНТ добија тројца вработени во општината Гази баба, бидејќи обвинителството не докажало дека сториле кривично дело. Дополнително, јавниот обвинител Бурим Рустеми по изрекувањето на пресудите, побара да му се изрече мерка притвор на екс премиерот Никола Груевски.