Македонија
16. October 2021 - 8:47

Претежно облачно со повремен локален дожд претпладне и северен ветер

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремен локален дожд во претпладневните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно, со повремен дожд претпладне и со умерен и повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе досигне до 10 степени.

Од утре и во наредните денови следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури.