Македонија
2. јуни 2017 - 8:11

Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со локални поројни врнежи и грмежи

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Дневната температура ќе се движи од 26 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде малку до умерено облачно, попладне со краткотраен пороен дожд и грмежи и дневна температура до 32 степени.

Во наредните денови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особеноденеска вечер и в сабота околу пладне и попладне. Нестабилно во попладневните часови ќе се задржи и во текот на наредната работна седмица.