Претпладне сончево и топло, попладне со локален пороен дожд и грмежи
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје сончево и топло претпладне, а од пладневните часови во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 31 степен.
Во следните денови ќе се задржи топло време со максимални температури малку над просекот за овој период од годината, но во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во форма на невреме, како и со услови за појава на град.
Ново на Сител
-
МТСП: Во тек е етапната исплата на јунските пензии
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ преку Азири порачаа дека ќе кршеле коски
-
Македонски и регионални музичари на Балкан Гала ‘22 со Камерниот оркестар на Битола
-
СДСМ: Милошоски е главен иницијатор на тензиите во Собранието
-
Апасиев: Добро утро на сите, освен на Командант Филџани
-
Бектеши: Милошоски ќе се памети по тоа што за него Албанците не требаше да имаат образование
-
Шилегов: Време е Милошоски да го напушти Собранието, два пати му падна косата до сега
-
Државниот секретар за култура Азири: Анти-албанец како Антонио Милошоски заслужува многу повеќе