Претрес во Арачиново, приведен 23-годишен дилер на кокаин
Одделот за сузбивање со организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна полициска истрага, на 05.10.2022 година лишија од слобода дилер на кокаин од скопско Арачиново, соопштија од МВР.
Како што е наведено во соопштението од МВР, во рамките на спроведената криминалистичка истрага во периодот од јуни до октомври 2022 година, во координација со ОЈО Скопје, Единицата за недозволена трговија со дрога обезбеди материјални докази за Е.А.(23), за кој постојат основи на сомнение дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
- При претрес извршен во домот на Е.А. во скопско Арачиново, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, билe пронајдени предмети поврзани со кривични дела, а лицето е приведено. Во координација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, во текот на денот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Против истото лице во март 2019 година, исто така, беше поднесена кривична пријава поради недозволена трговија со кокаин, појаснуваат од министерството.
Ново на Сител
-
ЦУК: Два ер трактори го гаснат пожарот во општина Долнени
-
ДС: Владата да реагира на грубото мешање на Бугарија за пописот во Албанија
-
СДСМ: Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“
-
Избори за францускиот Сенат
-
Курти го обвини Белград за убиството на косовскиот полицаец
-
СДСМ: Намалени цените во маркетите
-
Изгаснати 30 пожари во текот на вчерашниот ден, активни уште шест
-
Казнети 20 пијани возачи на територија на СВР Тетово