-->
-->
Претрес во Скопје, пронајдено оружје, приведено едно лице
-->
Денеска (08.10.2021), полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишија од слобода С.Л.(30) од с.Љуботен, скопско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Застава М70“ калибар 7,65 мм со 12 куршуми.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот