Македонија
19. January 2016 - 13:20

Претседателот Иванов на одбележување на Богојавление - Водици во Кичево

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление - Водици во Кичево.

Претседателот Иванов присуствуваше на богослужбата во Соборниот храм „Св. Апостоли Петар и Павле" и на церемонијата на положување на светиот крст.

Дејан Момироски беше најсреќниот меѓу верниците и го фати светиот крст на денешното одбележување на Водици во Кичево, а од претседателот Иванов на подарок доби филигрански крст.