Претседателот на Атлетико: Отсекогаш знаевме дека Суарез е најдобриот центарфор во Европа
Претседателот на Атлетико, Енрике Серезо по мечот со Валенсија (3:1) ги процени шансите на тимот за победа во Ла Лига и ја коментираше играта на напаѓачот Луис Суарез.
– Првенството може да се освои, или може да се изгуби. Сега е средина на сезоната со долг пат пред нас. Ние сме во водство, но има уште многу натпревари до крајот. Кога ќе останат уште три натпревари пред крајот на сезоната, тогаш ќе ви кажам дека сме шампиони. Имаме силен тим, и ова влева самодоверба пред следните натпревари. Сè ни оди добро, играчите знаат што се бара од нив, ние постигнуваме голови и победуваме.
Кога станува збор за настапот на Луис Суарез, секогаш знаевме дека тој е најдобриот центарфор во Европа. Имаме среќа што сега го имаме со нас, сите сме среќни, рече Серезо.
Атлетико Мадрид е лидер во Шпанското фудбалско првенство со 47 бода, седум повеќе од второпласираниот Реал Мадрид и натпревар помалку.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација