Македонија
14. March 2021 - 10:11

Претставникот на Македонија на Евросонг се пофали дека има бугарско државјанство

Македонскиот претставник на песната за Евросонг Васил Гарванлиев е бугарски државјанин.

Во ТВ интервју Гарванлиев на прашање во врска со државјанство на Македонија тој со гордост кажува дека е граѓанин и на Бугарија.

Гарванлиев кој е од Струмица  објаснува дека освен македонски има и бугарски пасош кој го добил затоа што неговата баба била Бугарка и имал далечни роднини во Бугарија.

Она што шокира во изјавата на Гарванлиев е тој не зборува за две земји или две држави туку неговото објаснување дека е роден во Струмица која се наоѓа од “другата страна на земјата”.