Македонија
16. November 2018 - 9:11

Презентација на Првиот полугодишен извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација

Во Клубот на пратеници денеска ќе биде презентиран Првиот полугодишен извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 и Акцискиот план, како и Извештајот за имплементација на Стратегијата за РЈА (2018-2022) на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

На настанот ќе се обрати заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски.