Македонија
27. December 2019 - 8:38

Презентација на резултатите од вложувањата во домашните компании преку инструментите на ФИТР

Презентација на резултатите и ефектите од вложувањата во домашните компании преку инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ќе се одржи денеска во Музејот на современа уметност во Скопје.

– Семејството на ФИТР годинава брои 314 компании, 54 поддржани училишта и над 30 партнерски организации, соопштија од ФИТР.

Оттаму најавија обраќање на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на ФИТР Јован Деспотовски.