-->
-->
Преживеани од авионската несреќа сведочат: Патниците паничеа и врескаа-како се спасија шестмина?
-->

Членот на екипажот од паднатиот авион кој превезуваше фудбалери од Бразил Ервин Тумири е еден од шестмината луѓе кои ја преживеаа трагедијата во која пак загинаа 71 патник на авионот.
Тој навел дека преплашените патници почнале да скокаат од своите места и да врескаат откако авионот почнал да паѓа, само неколку минути пред планираното слетување во Меделин.
Тумири навел дека го преживеал падот бидејќи во клучниот момент се однесувал според безбедносните процедури и не паничел.
„Ги ставив торбите помеѓу нозе и заземав положба на фетус, што се препорачува во состојби кога е загрозена безбедноста во авиосообраќајот“, рекол Тумири пред спасувачите кои жив го пронашле во урнатините на леталото на компанијата Лумиа.
Химена Суарес, една од стјуардесите во авионот исто така преживеала и за локални медиуми рекла дека сите светла во авионот биле изгасени во моментот кога леталото тргнало во слободен пад.
„Ништо понатаму не се сеќавам“, наведува Суарес.
Медиумите пренесуваат и дека пилотот од авионот Мигел Кирог го испуштил горивото од резервоарот во моментот кога сфатил дека леталото со кое управува ќе се урне, како при пад на авионот би избегнал експлозија и ја оставил можноста некој од патниците да преживее.
Се верува дека неговата идеја ги спасила животите на шест луѓе, но таа информација не е потврдена од официјални извори и истражителите разгледуваат како авионот не експлодирал пред да падне, шпекулирајќи дека останал без гориво.
Сепак, овие сознанија, на кои се додаваат и прашањата како се движел авионот пред пад, односно кружно движење во траење од неколку минути над местото на кое се урнал, може да доведат до заклучок дека механички или технички пробем ја предизвикал трагедијата и дека не било можно безбедно да се призеји леталото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вучиќ: Приштина планира општ напад на северот на Косово
-
Прекината собраниската седница за продолжување на работниот ангажман на судии и обвинители
-
Алкалоид со инвестиција вредна 1.3 милиони евра
-
СДСМ: Ковачевски го бранеше македонскиот идентитет, Мицкоски поддржа спорна резолуција на ЕПП
-
Мицкоски: Францускиот предлог дојде откако власта во државава го прифатила, имам информација дека преговарачки тим води тајни разговори во Софија
-
Мицкоски: Струјата реално ќе поскапи за 18 проценти, народот ќе гори се за да се затопли оваа зима
-
Собранието ќе ја продолжи 75. седница
-
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостин во Тема на денот во Дневникот на Сител