Македонија
6. October 2019 - 19:19

При претрес кај 41-годишен стружанец пронајден и одземен кокаин

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во текот на септември 2019 бил извршен претрес во апартман на ул.,,Гоце Делчев“, каде престојувал пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.