При уривање на зграда загинаа најмалку 21 лицe во Мумбај
Бројот на загинатите од уривањето на петкатница во Мумбај достигна 21 лицe, соопшти локалната полиција.
Се стравува дека најмалку 10 лица се затрупани под урнатините.
Во спасувачката акција, освен стручните сили за спасување, учествува и локалното население и полицијата, кои досега извлекоа над 30 лица, кои се веднаш хоспитализирани. Во операцијата се повредени и шестмина пожарникари.
Петкатницата се урна утрово во осум часот и 40 минути по локално време во населбата Бенди Базар, а во неа живееле осум или девет семејства. Зградата стара 117 години, се урна денеска, по дводневните поројни монсунски дождови, за кои се претпоставува дека се причина за несреќата.
- Слушнавме гласен тресок. Не можевме ништо да видиме од прашината и димот. Кога слегна прашината, сфативме дека зградата се урнала, изјави очевидец од околината.
Ова е втора зграда која во Мумбај се урива во последните 30 дена, откако кон крајот на јули се урна четирикатница, при што загинаа 17 лица.
Ново на Сител
-
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот
-
Роналдо започна преговори со Ал-Наср за продолжување на договорот
-
Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, приведено едно лице
-
ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах, Набил Каук
-
Конкурсите за поддршка на проекти од културата ќе бидат објавени утре, новини во начинот на финансирање
-
Сообраќајка на две товарни возила, во прекин сообраќајот на магистралата Куманово - Крива Паланка
-
САД наредија дел од нивните вработени во Амбасадата во Бејрут да го напуштат Либан
-
Претрес во Тетово, пронајдена дрога