-->
-->
Пријателот му признал на таткото - „Ти го убив Горан“
-->
Кога несреќниот татко во дневната соба го видел безживотното и раскрварено тело на својот син, убиeцот седел покрај него. Полицијата го уапсила 52-годишниот Јура Џогаш, поради основно сомневање дека во Крченик, со повеќе удари со секира го усмртил Горан, се наведува во соопштението на судот во Осјек.
На него му е одреден притвор, а тој до сега повеќе пати бил казнено и прекршочно пријавуван за дела со елементарно насилство. Иако од судот се уште немаат службени потврди, по се изгледа за трагедијата е виновен алкохолот.
За злочинот прв дознал таткото на Горан, Мато, кон кого убиецот се упатил по крвавите удари со секира.
- Само ми кажа: „Ти го убив Горан“. Потоа седна на точакот и дофрли дека се скарале и дека два пати го удрил со секира, вели Мато, кој со другиот син веднаш се упатиле кон куќата на Јура.
Во дневната соба на подот го видел безживотното тело на Горан, а Јура седел покрај него. Повторил дека се скарале и тепале, по што ја дофатил секирата. Им кажал и дека повикал полиција. Кога полицијата стигнала, Јура признал дека го убил Горан, покажувајќи им ја крвавата секира.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата