Македонија
10. February 2017 - 17:40

Прилеп: Во пожар изгореа два тона тутун

Прилепското семејството Стојкоски остана без половина од годинашното производство тутун, откако вчера, во попладневните часови се запалила старата куќа, која била користена за чување на обработениот тутун. Според командирот на ТППЕ од Прилеп, Станко Колески, огнените јазици пеплосале 25 картони со испеглан тутун и 500 балиња во низа, или вкупно околу 2 тони сув тутун. Штетата се проценува на околу 10 илјади евра.

Пожарот избувнал во покривот на куќата чии сопственици биле во странство, околу 15.30 ч,  при што и покрај брзата интервенција на пожарникарите, заради староста на објектот,  сувоста на тутунот и покукнината која била внатре, за два часа,  огнената стихија уништила 80 метри квадратни од покривната конструкција и од горниот кат.