Македонија
22. јуни 2016 - 12:51

Прилепчанец ја претепал малолетната девојка зошто му раскинала

Вчера околу 18.30 часот во Прилеп, Т. В. (30) од Прилеп, најпрвин и се заканувал, а потоа и физички ја нападнал неговата седумнесетгодишна девојка, нанесувајќи и телесни повреди.
 
Сторителот го извршил нападот откако неговата девојка, во ресторан покрај вештачкото езеро, му соопштила дека ја прекинува нивната врска, по што заминала.
 
Истиот со патничко возило ја стигнал пред една бензинската пумпа, застанал и и се заканувал, по што излегол и со рацете ја влечел за коса, ја отворил вратата од патничко моторно возило и насилно ја внел на совозачкото седиште, каде продолжил да ја влече за косата и ја удирал со рацете по лицето и телото.
 
Потоа со туркање ја извадил од возилото, го напуштил местото на настанот и се упатил во непознат правец.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.