Македонија
26. May 2017 - 12:27

Прилепчанец освои Милионер џек пот вреден околу 1,5 милион денари

На Државната видеолотарија, во Спорт Лајф во Прилеп, на 19 мај прилепчанец го освои 44. Милионер џек пот вреден 1.491.631 денари.

Ова, како што соопштуваат од Државна лотарија на Македонија, е четвртиот Милионер џек пот во мај, а вкупно 44. досега од стартувањето на овој тип на добивки на видео лотариските терминали на Државна видеолотарија.