Македонија
9. October 2018 - 10:36

Прилепчанката која во саботата исчезна со двете двомесечни бебиња, вчера дошла во полиција

Среќен крај за семејство од Прилеп, се појави сопругата  заедно со двете деца која беше пријавена вчера за исчезната. Како што пишува во билтенот на МВР, синоќа во 18:30 часот во Полициската станица Прилеп дошла В.К. (29) од Прилеп, која од страна на нејзиниот сопруг на 07.10.2018 година била пријавена за исчезната.

Инаку, прилепчанецот Е.К. (37) завчера пријави дека неговата сопруга В.К. (29) со двете двомесечни деца се оддалечила во непознат правец на 06.10.2018 година околу 15,00 часот.