-->
-->
Примера: Градското дерби за Севиља
-->
Севилја минимално го победи Бетис во првото градско дерби одиграно оваа сезона. Дербито на Севилја го реши дефанзивецот на домаќинот Меркадо во 51.минута.
Агресивен, затворен и неизвесен меч до самиот крај гледаа навивачите на „Санчез Писхуан“, а на крајот се радуваа оние на кои белата и црвената боја им „лежи на срцето“.
Единствениот гол го постигна Меркадо, тој топката по центаршутот на Самир Насри со грб ја испрати во мрежата на Бетис.
Неколку минути по водството на Севилја судиите го оштетија Бетис, поништувајќи му регуларен гол поради наводен офсајд.
Повотрената снимка покажа дека ниту асистентот Рубен Кастро, ниту пак стрелецот Алегрија не беа во недозволена ситуација.
По некомплетното петто коло Севилја се искачи на второто место на табелата со 11 бодови, еден помалку од лидерот Реал, додека Бетис е на 13-та позиција со пет бодови.
Во рамките на петтото коло, в среда ќе се одиграат натпреварите Реал-Виљареал, Барселона-Атлетико Мадрид, Селта-Спортинг, Реал Сосиедад-Лас Палмас и Гранада-Атлетик Билбао, а колото в четврток ќе биде комплетирано со дуелите Осасуна-Еспањол, Ла Коруња-Легањес и Валенсија-Алавес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација