Македонија
15. April 2019 - 14:03

Принц Едвард, синот на кралицата Елизабета ќе ја посети Македонија

Принцот Едвард, грофот од Весекс, ќе ја посети Македонија на 15 и 16 мај, најавија од британската амбасада во Скопје.

Тој во текот на посетата ќе биде запознаен со примери за помошта што Обединетото Кралство ја нуди за нашата земја во областа на ран детски развој и образование, како и за работа која ги поврзува двете земји во различни области.

Од Амбасадата истакнаа дека повеќе детали за програмата ќе бидат објавени во иднина.