Живот
1. October 2019 - 22:30

Принцот Хари поднесува тужба поради Меган!

Војводата и војвотката од Сасекс покренуваат судска постапка против „Меил он Сандеј“ поради објавување на приватното писмо на Меган Маркл кое го пратила на својот татко со кого не е во добри односи.

Принцот Хари во јавното соопштение ги објасни причините поради кои планира да покрене судска постапка против популарниот таблоид. Како што објаснил во прашање е многу болна и бескруполозна  пропаганда против неговата сопруга. Тој смета дека во прашање е линчување на Меган Маркл и формирање слика во јавноста, како  луѓето не би ја сакале.

Веќе видов што може да се случи некому кој го сакам кога го притискаат до таа мера луѓето на таа личност да не гледаат како на човечко суштество. Ја изгубив мајка ми и сега гледам како мојата жена ја малтретираат моќници – напишал Хари во соопштението