Припадниците на Посебната единица за поддршка ја добија специјалната полициска опрема
Првпат од постоењето на Посебната единица за поддршка (ПЕП), во рамки на финансиската донација на Владата на Чешка Република за потребите на Министерството за внатрешни работи, полициските службеници од оваа единица денеска добија специјална полициска опрема во случаи на нарушен јавен ред и и мир во поголем обем.
Како што информираат од МВР, станува збор за опрема од заштитен карактер, која се користи за време на насилни протести и немири, а во неа влегуваат: заштитни елеци, штитници за пределот на рацете и штитници за пределот на нозете, чија основна намена е заштита на полициските службеници од повреди. Воедно, покрај оваа опрема, извршена е и набавка на заштитни штитови за јавен ред и мир.
-Специјалната полициска опрема за припадниците на Посебната единица за поддршка претставува уште една активност во континуираните напори на МВР за подобрување на материјално-техничките услови за работа на сите припадници на полициските служби, што беше позиционирано меѓу највисоките приоритети за раководството на Министерството за внатрешни работи во последните две и пол години, со цел реално востановување на модерно опремена и професионално подготвена полициска служба, согласно сите европски стандарди, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица