Здравје
4. December 2017 - 10:15

Природен чај за слабеење од само 3 состојки го топи салото од стомакот

Последниве месеци актуелен е чајот за кој жените велат дека е делотворен како природно средство за слабеење.

Потребни ви се само следниве состојки: зелен чај, цимет и ловоров лист.

Сите овие три состојки – компоненти на чајот – одлично ги согоруваат мастите и го забрзуваат метаболизмот.

Како се приготвува овој природен чај за слабеење?
Потребни состојки:

800 мл вода
1 стапче цимет
3 ловорови листови
1 рамна лажица зелен чај

Подготовка:

Водата загрејте ја до зовривање. Тргнете од оган, па во водата ставете го стапчето цимет, ловоровите листови и една рамна лажица зелен чај. Поклопете и оставете 15 минути да отстои. Процедете.

Начин на консумирање:

Кога станува збор за метаболизмот, важно е да се знае дека најдоброто време за негово забрзување е – рано наутро, веднаш после будењето. Првата шолја чај испијте ја на гладен стомак.

Втората шолја можете да ја испиете веднаш после појадок. А третата – навечер, непосредно пред спиење. Тоа е доволно.

Три шолји од овој чај дневно – гарантирано ќе започнете да слабеете – мастите се отстрануваат од значајните места на телото. Првите резулати се видливи после седум дена.

Се подразбира дека секој обид за забрзување на метаболизмот и намалување на тежината треба да биде проследен со избалансирана исхрана и умерена физичка активност.