Македонија
31. October 2020 - 19:37

Приведен 28-годишен маж во Чаир по распишана потерница

Полициски службеници денеска приведоа едно лице од Чаир по распишана потерница, соопшти МВР.

– Во 14 часот денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка- Отсек за потрага на територија на Чаир го приведоа А. З. (28) по распишана потерница во врска со чл.418 и чл.273 од Кривичниот законик на Република Македонија, наведуваат од МВР.

Оттаму посочуваат дека лицето е спроведено во полициска станица за натамошна постапка.