Приведен инспектор од УЈП, побарал и примил пари за да изврши противправно службено дејствие
На 06.07.2022 по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, лишен е од слобода Ј.К.(63) од Скопје, вработен како инспектор во Управата за јавни приходи. Тој во својство на службено лице, во текот на месец мај и почетокот на месец јуни, постапувајќи по налог за контрола на ДДВ, од сопственик на правно лице од Скопје, побарал парична награда-поткуп во износ од 700 евра за да преземе службено дејствие што не би смеело да го преземе, односно да изготви Записник со помал наод, кој по негово кажување требало да изнесува 600.000 денари.
Ј.К., по претходен телефонски разговор и договор за средба, во текот на денешниот ден во Скопје ги побара и прими паричните средства во побараниот износ, по што од страна на полициски службеници е приведен. По претходна наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес кај лицето, при што се пронајдени паричните средства кои беа дадени од страна на правното лице. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово
-
Американскиот Конгрес на 20 април ќе гласа за помошта за Украина и Израел
-
Избори во Хрватска: По преброени 98 отсто од гласовите - ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати
-
Лидерите на ЕУ повикаа на борба против дезинформациите, манипулациите и странското мешање во изборните процеси
-
Сообраќајот по влажни коловози, одрон на патот Берово - Будинарци