Македонија
4. April 2022 - 14:27

Приведен крадец од Штип, фатен на дело

На 03.04.2022 на ул.„Широк дол“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Џ.И.(31) од Штип. Тој околу 17.50 часот бил затекнат при извршување тешка кражба во двор на угостителски објект во Штип, каде со употреба на сила и подесен алат се обидел да одземе предмети. Лицето било приведено и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.