Македонија
5. November 2020 - 11:39

Приведен крадец од Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 13.00 часот го лишиле од слобода М.К.(35) од Тетово, поради сомнение дека сторил кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

При претрес, извршен со судска наредба во неговиот дом, информираа денеска од МВР, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од овие кривични дела.