Приведен крадец во Скопје, расчистени две кривични дела
На 20.04.2023 во 13.25 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.А.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба, извршена на 15.04.2023 на подрачјето на Центар, каде со употреба на физичка сила одзел паричник од 71-годишна скопјанка.
Исто така, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево во текот на вчерашниот ден извршиле службен разговор со пријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво” по член 237 од КЗ на РСМ, извршено на 13.04.2023 на подрачјето на Аеродром врз 88-годишен скопјанец, од кого одзел паричник и два мобилни телефона. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
