Македонија
2. March 2021 - 14:55

Приведен криминалец за издржување затворска казна

Полициски службеници на СВР Тетово, во текот на вчерашниот ден, околу 10 часот, врз основа на судска наредба го приведоа М.З. (37) од село Мала Речица за издржување казна затвор од една и пол година, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дорги, психотропни супстанции и прекурсори“, информира Министерството за внатрешни работи.

Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.