-->
-->
Приведен полициски службеник за примање поткуп
-->
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција денеска (28.10.2020) околу 18 часот во Куманово го лишија од слобода полицискиот службеник И.С. поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело-примање поткуп по член 357, примање награда за противзаконито влијание по член 359, и злоупотреба на службената положба и овластување по член 353, од КЗ. И.С.од правно лице од
Куманово пбарал пари за наводно да сопре наводна истрага против правното лице, при тоа повикувајќи се на наводна блискост со високи полициски функционери. Сопственикот на правното лице го пријавил случајот во МВР по што биле преземени соодветни мерки и активности. Вечерва во Куманово, во простории на правно лице тој на И.С. му дал претходно технички обработени 2000 евра, а откако ги земал парите И.С. е приведен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс