Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило, седуммина возеле без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седуммина управувале возило без возачка дозвола (четворица во Скопје, двајца во Тетово и еден во кумановско), еден возач во Дебар управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, а еден возач во Битола возел под дејство на алкохол. Во Градско, едно лице управувало возило со брзина поголема од дозволената, а во Кочани едно лице управувало возило во спротивна насока. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Ново на Сител
-

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани
-

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов
-

Општина Кратово: Локалитетот „Куклица“ е узурпиран, се чека правосилна судска одлука
-

79-годишен Индиец починал во паркот „Жена борец“
-

Скопјанка со велосипед пропаднала во шахта на улица
-

Туск апелира до претседателите Навроцки и Зеленски да го решат спорот околу историските трауми меѓу Полска и Украина
-

Трамп бара итен прекин на израелско-иранските напади
-

Кривична за екс директорот на ЈП „Национални шуми“, продавал изгорени дрва по нереално ниски цени
