Македонија
7. February 2023 - 19:20

Приведени четири лица за вандализмот врз македонскиот клуб во Благоевград

Двајца мажи и две жени се приведени од полицијата во Благоевград во врска со вандалскиот чин врз македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“. Тие, како што пишуваат бугарските медиуми, го признале делото за кое се товарат.

Приведените, како што пренесуваат бугарските медиуми, се на околу 40 годишна возраст и немаат криминално досие.

Стаклото на влезот на македонскиот културен клуб во Благоевград беше искршено со камења вечерта на 4 февруари.