Македонија
23. October 2021 - 10:27

Приведени тројца млади штипјани, кај нив пронајдена марихуана

На 22.10.2021 во 17.00 часот во атар на с.Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода С.И.(27), К.М.(25) и И.И.(28), сите од Штип, затоа што кај нив била пронајдена околу еден килограм марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.