Македонија
28. November 2020 - 10:03

Приведено лице од Скопје за сторено разбојништво

На 27.11.2020 во 15.30 часот, полициски службеници од Одделението за потраги при ЕВР Кисела Вода, врз основа на судска наредба, го привеле А.З.(38) од Скопје за издржување казна притвор во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.