Македонија
24. April 2020 - 14:37

Приведено лице по потерница за „трговија со луѓе“

Полицијата вчера околу 16.30 часот, на ул.„Јане Сандански“ во Тетово, го привела В.Ф.(37) од скопско Студеничани, по кого била распишана потерница за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „трговија со луѓе“.

При приведувањето на В.Ф. се обидел да избега, соопштија денеска од МВР, еден полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух. В.Ф. е спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.