Македонија
14. March 2023 - 13:42

Приведено лице во Охрид барано поради бегство од затвор

Полициски службеници од СВР Охрид, синоќа во 22:25 часот, го лишиле од слобода Е.С.(35) од Штип.

Како што информираат од МВР, тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Струмица, поради бегство од затворот. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.