Приведено уште едно лице за предизвикување пожар
Полицијата од СВР Битола-ОВР Ресен го лиши од слобода К.С. од ресенското село Лева Река осомничен дека го предизвикал пожарот во тоа село во кој беше опожарена нискостеблеста шума.
Министерството за внатрешни работи информира дека во 17.40 часот пожарот е ставен под контрола, а К.С. е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.
Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Полициско одделение Галате го лишија од слобода и Л.А. (32) од Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране.
– Полицијата во координација со Јавен обвинител постапува и во врска со осомниченото лице за пожарот во Старо Нагоричане и двете осомничени лица за пожарот кој на 3 август беше пријавен пред село Блаце кон Катланово, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Ахмети до Мицкоски: Внимавај што зборуваш, Мицкоски му возврати да се подготви за опозиција