Привршува откупот на слива во Пијанечко-малешевскиот регион
Привршува откупот на слива во Пијанечко-малешевскиот регион. Цените годинава варираа, но како што соопштија повеќе земјоделци, возависност од квалитетот, модрата слива се откупуваше од 9 до 13 денари за килограм.
Откупот е завршен и во најголемиот производствен капацитет во источниот регион, Рудине ММ, каде квалитетот на сливата годинава, според Кристина Пулковска од Рудине ММ, бил на задоволително ниво.
-Состојбата со слива беше добра, квалитетот задоволуваше, но родот, поради измрзнување беше слаб. Повеќето производи, меѓу кои освен слива имаме и малина и аронија, ги складираме во нашиот ладилник, додека дел од производството завршува на западноевропскиот пазар, истакна Пулковска.
Во Малешевијата ситуацијата е слична, најголемата цена за откупен килограм слива, како што информира овоштарот Бранко Ужевски од село Владимирово, достигнала 14 денари за килограм.
-Има некои недоследности при откупот, некаде цената стигнува и до 14 денари, со тоа што откупувачите си носат свои аргати кои ја берат сливата, додека данокот останува да го платат овоштарите и тогаш пресметките се други, вели Ужевски.
Овоштарите ја искористија вчерашната посета на министерот за земјоделство во Берово, да предложат преиспитување на одлуката за начинот на кој се доделуваат субвенции, особено во овоштарството. Нивното барање е наместо за засадена површина, субвенциите да се доделуваат за откупена количина што, според нив, далеку ќе го подобри нивниот приход.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер