Признание од Глобал Фајнанс за Охридска банка
Светскиот финансиски магазин Глобал Фајнанс, публикација на Светска Банка од Вашингтон, ја објави листата на добитници на престижната награда „Најдобра банка за 2017 година“ во регионот на Централна и Источна Европа.
Втора година по ред, Охридска банка Сосиете Женерал е единствената банка од Македонија носител на признанието „Најдобра банка во Македонија“, овојпат за 2017 година, која според уредничкиот одбор на магазинот, еминентните аналитичари од областа и извршни директори во индустријата, покажува најдобри резултати при евалуација на објективни и субјективни критериуми за анализа.
- Оваа награда е навистина значајна за Охридска банка Сосиете Женерал. По тројната круна од „Глобал Фајнанс“, „Еуромани“ и „Банкер” во 2016 година, оваа награда е уште еден доказ за континуираниот раст на банката и нејзината позиција како сигурен финансиски партнер на компаниите и населението. Горди сме што сме значаен учесник во целокупната економија во земјата и нејзиниот одржлив развој. Ние сме банка која постојано расте и успешно поставува нови стандарди во банкарскиот систем во Република Македонија, изјави Бранка Павловиќ, претседател на УО на Охридска банка Сосиете Женерал.
Како што стои во соопштението, таа додава дека и оваа награда ја посветуваат на своите клиенти чија бројка достигнала повеќе од 75.000.
Признанија годинава се доделени на 22 банки во 22 држави во Централна и Источна Европа. Целта на наградите за најдобра банка е препознавање на финансиските институции кои покажуваат натпросечни напори во испорачување на производи и услуги кои ги пресретнуваат уникатните потреби на клиентите, се вели во изјавата на Јосеф Д. Гиарапуто, издавачот и директор на Глобал Фајнанс магазинот.
Глобал Фајнанс е основан 1987 година и денес има огромен тираж и читатели во 192 земји во светот.
Наградата на Охридска банка Сосиете Женерал за најдобра банка од Македонија на пазарите од Централна и Источна Европа ќе и биде доделена на свечена церемонија на 14 октомври 2017 година во рамките на годишното собрание на ММФ и Светска банка во Вашингтон, САД.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка