Џет-Сет
18. September 2015 - 11:17

Проблеми во рајот: Викторија отстранува тетоважи посветени на сопругот

Модната дизајнерка, Викторија Бекам се подложи на ласерски третмани за повлекување на тетоважата која ја посветила на нејзиниот сопруг Дејвид Бекам.

Имено, таа на грбот имаше истетовирана реченица на хебрејски: „Јас припаѓам на мојот сакан и мојот сакан ми припаѓа мене“.

Ова не е единствена тетоважа која таа ја повлече во текот на изминатите месеци. Беше повлечена и датата на обнова на нивните брачни завети кои ги истетовирала во 2006 година на зглобот на раката, но и фразата „повторно од почеток“ на латински.

Сепак, изгледа дека ова нема никаква врска со нејзиниот сопруг, туку сака колегите од модната индустрија да ја сфатат сериозно.