Продолжен рокот за субвенции за чистење оџаци во Скопје
Град Скопје го продолжува доделувањето субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци.
– Ова е една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот и досега за субвенции за чистење на оџаците се доставени 140 барања од граѓаните, соопшти Град Скопје.
Со оваа мерка Град Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците во износ од 1.000 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на главниот град.
За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за добивање субвенции се исполнети, барателите до Град Скопје треба да достават неколку документи. Тоа се барање за надомест, кое може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот www.skopje.gov.mk, како доказ за жителство во Град Скопје се потребни фотокопија од лична карта или пасош, а за правните субјект се бара тековна состојба не постара од шест месеци. Потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот, фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности и фотокопија од трансакциска сметка/жиро-сметка.
Барањето за искористување на правото за надомест на дел од трошоците заедно со потребната документација треба да се достави во затворен плик до Град Скопје, булевар „Илинден“ бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 8:30 до 15 часот.
Барањето за надомест може да се преземе на: http://www.skopje.gov.mk.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана