Македонија
9. February 2016 - 9:01

Продолжение на 91. собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 91-та седница.

На дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на законите за упатување работници од Македонија во други држави за изведување градежни работи преку проектни  договори и за вршење други сезонски работи, за мирно решавање работни спорови, за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, за употреба на знаковниот јазик, за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, сите во второ читање.

Пратениците треба да расправаат и за предлог законите за изменување и дополнување на законите за безбедност и здравје при работа, за работните односи, за пензиското и инвалидското осигурување, за инвалидски организации, за социјалната заштита, за заштита на децата, за агенциите за привремени вработувања, во второ читање. 

Меѓу точките од дневниот ред се и  Дополнетиот предлог на закон за слободните здравствени зони, во второ читање, предлог законите за дополнување на законите за  градење и за градежно земјиште, како и  измени на закони од областа на здравството, финансиите, сообраќајот.