Македонија
19. February 2020 - 17:11

Продолжи судењето за „Монструм“ сведочење на Гордана Јанкуловска

Крвна одмазда, лична пресметка и имотен спор се информациите кои стигнувале до МВР по петкратното убиство кај Смилковското езеро. 8 години подоцна тогашната министерка за снатрешни работи во судница се соочи со семејствата на убиените.

Јанкуловска вели дека сите информации во тој период биле прецизно анализирани за час поскоро да се утврдат извршителите на петкратното убиство.

Обвинителката Фетаи ја потсети Јанкуловска на телефонски разговор воден со тогашниот министер за правда Блерим Беџети, но екр министерка негираше дека тогашната влада правела политички пресметки дали судските процеси за овој предмет да почнат пред или по изборите и кога да се бара екстрадиција на осомничените од Косово.

Факт е дека сме разгледувале опции во однос на постапката во законски начин и акцентот бил ставен на она што е во наша надлежност сѐ да се заврши во најдобар можен начин. Фактите се поинакви од впечатокот кој се добива со телефонските разговори“, сведочеше Јанкулоска.

Жестока расправа во судница предизвика инсистирањето на обвинетиот Фејзи Азири да добие одговор дали Јанкуловска претхоно ги знаела резултатите од вештачењата поврзани со предметот, на што реагираа и семејствата на убиените момчиња дека целиот овој процес е политички монтиран.

Обвинетиот Азири бараше одговори и од поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски кого го обвини дека му нудел заптита ако прифати да биде заштитен свеок во постапката и ако признае вина. Но Тодоровски ваквите тврдења ги негираше пред судот.

На листата сведоци за следното рочиште за Монструм во петок се и лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот Бујар Османи.