Македонија
30. November 2016 - 8:26

Продолжува изборната кампања: Партиите на митинзи ги претставуваат програмите

Политичките партии денеска, на десеттиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Виница и во Кочани, додека СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе одржат митинзи во Пехчево и во Берово.

Демократската унија за интеграции (ДУИ) ќе ја претстави изборната програма во Боговиње и во Неготино, општина Врапчиште, а Демократската партија на Албанците (ДПА), пак, ќе одржи митинг во Тетово. 

Коалицијата „Преродба со Беса“ ќе одржи средба со граѓаните во Брвеница и во Боговиње.