Продолжува соработката меѓу воспитно-образовните установи од Делчево и Софија
Група вработени од гимназијата Методи Митевски-Брицо од Делчево ја завршија посетата на Бугарија што имаше за цел размена на искуства и добри практики со Приватното средно училиште „Цар Симеон Велики“ од Софија. Како што истакна училишниот педагог Дијана Цонева, се работи за посета на училиштето кое е прогласено за „Иновативно училиште“ од Министерството за образование и наука на Бугарија и е училиште-амбасадор на Европскиот парламент.
– По завршувањето на оваа значајна посета на софиската гимназија, можеме да истакнеме задоволство од сите изведени активности, преку кои имавме можност да размениме знаења, добри практики, мислења и идеи. Во споредба со нашите наставни планови согледавме дека тамошните ученици учат повеќе предмети и имаат повеќе часови како неделен фонд. Покрај редовната настава и таму се изведуваат: проектни активности, дополнителна, додатна настава и слободни ученички активности. Можам слободно да кажам дека преку оваа посета се поставени темелите за идната соработка меѓу двете училишта со вклучување на ученици и изработка на заеднички проекти, истакна Цонева.
Оваа посета се реализираше како дел од иницијативата на Фондацијата на д-р Милен Врабевски и претставува уште една од многуте меѓугранични соработки на луѓето од двете страни на границата.
Претходно размена на искуства како дел од оваа соработка реализираа вработените во детските градинки „Весели Цветови“ од Делчево и „Росица“ од Софија.
Ново на Сител
-
УХМР: Наместа повремено поројни врнежи утре и викендов
-
Мицкоски : Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме
-
Кочински: Се очекува постепено намалување на активноста на вирусот на грип
-
Осум лица се уапсени по пронаоѓањето 31 дете во Брчко, во истрагата вклучен Европол
-
Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари
-
Песков: Русија нема намера да ги врати окупираните територии на Украина
-
Град Скопје: Трајановски не може да даде оставка бидејќи е разрешен пред три месеци
-
Заменик-градоначалникот на Град Скопје Александар Трајановски поднесе оставка: „Со јавните претпријатија владее екипа од Сарај и ДУИ“